Видео

6 јуни, 2019

Ристе Ристески има нов летен хит

(Засега) единствениот македонски победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески продолжува да реди хитови, а најнов во низата е штотуку објавениот сингл „Како ли се она зове“. Станува збор за авторско дело на Павле Радуловиќ, кој се погрижи за музиката и аранжманот, а стиховите ги потпишува Гордана Гвозденовиќ. 

По баладата „Неизлечиво“, Ристе одлучи својата публика да ја израдува со еден вистински летен хит. Пејачот ја екранизираше својата нова песна под режисерската палка на продукцијата „Ројал филмс“, а видеото е снимено во Грција. Покрај преубавите кадри на грчките плажи и таверни, охриѓанецот е опкружен и со убави девојки, а како изгледа и звучи неговиот нов летен хит, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑