Македонија 21192258_10214759204233924_3860816745947754236_n-650x366

5 септември, 2017

Ристе, Даниел, Елена… еве кој судеше на аудицијата на „Гранд“ во Скопје

Повеќе од 12 часа траеше првата аудиција за избор на најталентираните пејачи кои се надеваат за учество во „Ѕвездите на Гранд“ и „Некои нови клинци“, а и оние за кои „Никогаш не е доцна“. Па така, телевизијата „Канал 5“ беше преполна со потенцијални натпеварувачи кои се потрудија да им се допаднат на стручните жирија.

Изминатата недела фолк пејачката Елена Велевска и македонскиот победник од последнта сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, открија дека ќе одлучуваат кои учесници имаат пејачки потенцијал, а во тоа им се приклучија и Даниел Кајмакоски, Наде Талевска и Анета Молика, а пак за кандидатите од „Никогаш не е доцна“ одлучуваа Горан Кукиќ, Виолета Томовска и Катерина Таневска.

Водителот Ване Маркоски беше таму да ги пречека како домаќин и секако да го овековечи моментот со неколку фотографии.

Кој се покажал најдобро според дел од нашите познати и искусни судии кои не така одамна беа во истата ситуација, останува да видиме, а судејќи од фотографиите објавени на социјалните мрежи, повторно ќе си ја пробаат среќата и кумановците Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, кои и претходно учествуваа во овој музички натпревар.

ivonamartinijan



Врати се горе ↑