24 декември, 2017

„Риплеј“ ја екранизираа макфестовската „Ти си мојот сон“

На годинашното издание на фестивалот на забавни мелодии, „Макфест 2017“, на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип дебитираа голем дел нови имиња од македонската сцена, меѓу кои и скопското дуо „Риплеј“ (RePlay). Освен што ова им беше прво учество на популарниот фестивал, песната „Ти си мојот сон“ е втора оригинална песна за Никола Велиновски и Столе Коцев, кои во финалето го освоија 9. место.

Потпишана од нивниот колега Влатко Илиевски (музика и текст) и аранжирана од Ангел Ќосев, песната неодамна си доби и своја официјална екранизација, за која се погрижи Бојан Дамјаноски. Освен момците, во видеото се појавуваат и Кристијан Кожумановски, Кристијан Милошевски и Радмила Стојковиќ, а како изгледа „Ти си мојот сон“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑