Аудио

23 ноември, 2016

„Риплеј“ дебитира со „Така случајно“

Скопското дуо „Риплеј“ (RePlay), кое ги негува и преработува најголемите македонски, екс ју и странски хитови, конечно има и авторска песна. Имено, Никола Велиновски Црни (вокал и гитара) и Столе Коцев (саксофон) вчера го претставија своето првенче насловено „Така случајно“, чиј комплетен автор е Бојан Трајковски (Ај кју), а за текстуалниот видео запис се погрижи екипата на „Иноватива груп“.

„Драги наши пријатели, после 2-годишен труд и неколку преработени песни, благодарение на добрата соработка и поддршката која ни ја давате, ја промовираме нашата прва песна. Се надеваме ќе Ви се допадне“, велат момците, а како звучи „Така случајно“ можете да слушнете во продолжение.

 

Инаку, „Риплеј“ е бенд што започна со работа во октомври 2014 година, а зависно од потребите, тој е спремен и како целосен бенд со тапани, бас гитара, гитара, саксофон и вокали. Ги преработува странските хитови, но поголемиот дел од репертоарот е негување на македонската музика.

И.Ј.



Врати се горе ↑