Свет rs

8 јануари, 2015

Ринго Стар најави нов албум

Додека помладите генерации твитерџии се прашуваат „кој е Пол Макартни, неговиот колега од легендарната група „Битлси“, Ринго Стар најавува нов албум и турнеја, како и појавувања во неколку реклами за компанијата „Скечерс“. Во видеото, кое го објави на „Јутјуб“ минатата недела, 74-годишниот музичар вели дека завршил со снимањето на албумот, кој ќе биде објавен подоцна годинава за етикетата „Јуниверзал рекордс“. Исто така, тој им се заблагодари на своите фанови кои го поддржуваа на бројните настапи во текот на 2014 година.

Својот последен, шеснаесетти по ред, студиски албум насловен „Ringo 2012“ го објави пред точно три години.

 



Врати се горе ↑