13 јули, 2018

„Ring Ring“ е новиот хит на Џекс Џонс

Една од главните ѕвезди на годинашниот „Охрид колинг“, британскиот диџеј и продуцент Џекс Џонс го претстави својот нов сингл насловен „Ring Ring“, во кој гостуваат колегите Мејбл и Рич д Кид. Сето тоа спакувано со ретро-видео претендира да го повтори успехот на претходниците „Breathe“ и „You Don’t Know Me“, кои се искачија до самиот врв на повеќе топ-листи ширум светот.

„Овој пат сакав да пробам нешто поразлично од претходните, да покажам малку повеќе разноликост, да не биде сè само клупски хитови, но сепак да можете да танцувате“, изјави тој за новиот сингл, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе.

Само за потсетување, настапот на Џекс Џонс на „Охрид колинг 2018“ е закажан на Илинден, односно на 2 август во стадионот „Билјанини извори“, а влезниците по цена од 700 и 1.000 денари можете да ги набавите преку avalon.mk, продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и во „Југотон“.



Врати се горе ↑