Свет Screen shot 2013-01-25 at 8.37.56 PM

28 јануари, 2013

Рик Рос најавува нов албум со синглот „Box Chevy“

Иако минатата година го објави албумот „God Forgives, I Don’t“, Рик Рос веќе има подготвено уште едно издание насловено „Mastermind“, коe ќе биде објавено оваа година, а го најавува со синглот „Box Chevy“, за кој Рос вели дека е замислен да биде гласно емитуван во автомобил.

Раперот неодамна го претстави видео записот за „Pirates“, а нумерата „100 Black Coffins“ се најде на официјалниот саундтрак за филмот „Django Unchained“ од Квентин Тарантино, додека новото издание „Mastermind“ на почетокот на месецот го најави и со трејлер.

 

Во новиот сингл Рос рапува „I started with a box Chevy / then I got a blue Lexus.“, а како тоа звучи можете да чуете во продолжение.

 

Извор: Billboard/MTV

 



Врати се горе ↑