Свет 549797_10151459411471676_977602891_n

3 март, 2013

Ријана за Крис Браун и разголените фотографии

Ријана во новото интервју за априлското издание на списанието Elle отворено зборувала за нејзиниот однос со Крис Браун и открила дека нејзиниот актуелен хит „Stay“  зборува токму за него. Новиот број на британското издание на Elle ќе биде пуштено во продажба на 6-ти март, со две верзии на насловната страница.

„Песната ’Stay’ е приказна за љубовта која е толку блиску и за која сакате да трае вечно. Тоа чувство го немате со секоја личност, но кога го имате, не сакате да го изгубите. Дефинитивно би рекла дека тој е тој со кој јас имам таков однос“ – рекла Ријана за нејзината старо/нова љубов. Таа открила дека нивниот нов заеднички почеток го овозможиле така што пред сè станале пријатели: „Сега тоа е тоа што го сакаме, одлично пријателство кое е нераскинливо. Сега кога пораснавме, можеме да ги поставиме работите како што треба. Добивме нов почеток и благодарна сум за тоа.“

Ријана навестила дека во следните неколку години таа и Браун би можеле да основаат семејство. На прашањето како се гледа себеси за пет години, таа одговорила: „Веројатно ќе имам дете… и се надевам дека ќе можам да одам на годишен одмор од месец дена. И ќе се потрудам да не морам да го поминам остатокот од животот на турнеи, иако сакам турнеи. За пет години сакам здравје и среќа. Сакам да бидам здрава и среќна.“

Таа открила дека нејзината мајка побарала од неа да престане да ги објавува своите провокативни фотографии на интернет: „Не се плашам од никој на светот освен од неа. А од неа многу се плашам! Ми се јави пред два дена и не нападна поради две разголени фотографии кои Мелиса (најдобрата пријателка) ги објавила на Инстаграм – најава од книгата со фотографии кои ги подготвува за мене. Мајка ми беше избезумена… ми беше многу непријатно. Се чувствував како да ме ставила во скутот и да ме натепала пред целото одделение на училиште. Ми рече: ’Тоа се приватни моменти, а ти парадираш наоколу со нив.’ Потполно ме засрами.“

 Во продолжение погледнете како се одвиваше фото сесијата за Elle.

Извор: MTV.co.uk/фото: Mariano Vivanco, фејсбук фан страница на Ријана



Врати се горе ↑