Свет rr

10 март, 2015

Ријана во новиот филм на своето (наводно) момче Лео ДиКаприо?

Убавицата од Барбадос е наводно во преговори за улога во новиот филм на нејзиното наводно момче, Леонардо ДиКаприо. Имено, како што пишува веснкот „Мирор“, Ријана ќе се појави во мрачниот филм „Преполна соба“ (The Crowded Room), во кој познатиот актер ќе ја игра улогата на ментално заболениот криминалец Били Милиган, а пејачката би била една од неговите жртви.

Весникот го цитирал „добро упатениот извор“, кој изјавил: „Лео интензивно работи на овој проект и разговараше за него со Ријана. Двајцата сметаат дека има смисла и таа да се појави во филмот. Тие поминуваат многу време заедно и ова би била одлична пригода уште повеќе да се зближат, бидејќи таа секако му помага да се соживее со улогата.“

Познатата пејачка, која со хитот „FourFiveSeconds“ го најави своето осмо студиско издание „#R8“, во изминатиов период неколку пати беше „уловена“ во друштво на холивудската ѕвезда, но и двајцата инсистираат дека се само блиски пријатели, а поминуваат време заедно токму поради заедничкиот ангажман во споменатиот филм.

Покрај новиот албум, Рири работи и на специјалното саундтрак издание за анимираниот филм „Дом“, во кој го позајмува и гласот за главниот лик Гратуити „Тип“ Тучи, а како прв сингл беше објавената темата „Towards The Sun“.



Врати се горе ↑