31 јули, 2017

Ријана виси од зграда во новото видео на Кендрик Ламар

Кендрик Ламар веќе создаде своја категорија кога се во прашање музичките видеа, а најновото од нив за синглот „Loyalty“ ја стави во незгодна ситуација неговата колешка Ријана, која гостува во оваа трета песна од двојно платинестиот албум „Damn“.

Имено, видеото режирано од Дејв Мејерс не следи некоја конкретна приказна, туку повеќе е фокусирано на визуелните ефекти, а Ријана и Кендрик, кои имаат улога на бељаџии, предизвикуваат неволји на секој чекор, па во една сцена пејачка буквално виси од врвот на висококатница. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑