31 март, 2016

Ријана со нов, секси видео запис за „Kiss It Better“

Ријана штотуку го објави својот нов видео запис за вториот сингл од актуелниот албум „Anti“. Станува збор за темата насловена „Kiss It Better“, чиј црно-бел видео запис го режираше Крег Мекдин, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Пејачката, која во моментов е зафатена и со промовирање на новиот материјал во рамките на светската турнеја „Anti“, најавила дека наскоро ќе претстави уште еден сингл од албумот, темата „Needed Me“. Каква екранизација ќе подготви за овој сингл, останува да дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑