22 февруари, 2016

Ријана со 2 во 1 видео запис за хитот „Work“ со Дрејк

Убавицата од Барбадос штотуку го претстави видео записот за нејзиниот прв официјален сингл од неодамна објавениот, осми по ред студиски албум „Anti“, кој ќе го промовира и во рамките на истоимената светска турнеја. За песната насловена „Work“, Ријана повторно соработуваше со колегата Дрејк, а своите фанови реши да ги почести со дури два видео записа, на кои работеа два режисери. Имено, во првиот дел од приказната, таа танцува танцува и се забавува во клуб, а потоа гледаме малку поинтимна атмосфера. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Претстојната концертна турнеја ќе биде седма по ред за познатата пејачка, а ќе започне на 12 март и ќе трае сè до крајот на август. Во првиот дел, во чии рамки се концертите во САД и Канада, како поддршка ќе настапува колегата Тревис Скот, а во европскиот дел од турнејата ќе пеат Биг Шон и сè попопуларниот Викенд. Засега не е закажан ниту еден концерт во некоја од балканските земји.



Врати се горе ↑