Свет riri

12 март, 2015

Ријана снима филм за себе

Ријана можеби ќе има мала улога во новиот филм на Леонардо ДиКаприо, но затоа ќе биде главна ѕвезда во филмот со работен наслов „Rihanna: The Movie“. Имено, долгометражниот филм ќе даде сосема нов, најискрен досега, поглед во животот на пејачката, прикажувајќи го нејзиниот пат од почетоците на Барбадос до развојот во светска музичка икона.

Филмот ќе го режира Питер Берг, со кој пејачката соработуваше во филмот „Воен брод“ (Battleship). Режисерот има големи амбиции за овој проект. Како што пишува „Дедлајн“, неговата намера е да сними филм кој би можел да стои рамо до рамо со култниот документарен филм „Не гледај назад“ (Don’t Look Back) за Боб Дилан.

 



Врати се горе ↑