Свет

21 јули, 2018

Ријана снима два албума

Популарната американска пејачка Ријана подготвува два нови албума, пишува „Ролинг стоун“, чии извори потврдиле дека едниот е во реге-стил, бидејќи Рири потекнува од Барбадос, и веќе се готови осум песни, додека вториот ќе биде во поп-стил и е во почетна фаза. За новиот материјал ѕвездата заедно со својот продуцент ќе одбира од над петстотините песни што пристигнаа на нејзината адреса, па се надеваме дека нешто ново ќе слушнеме до крајот на годинава.

Својот осми по ред, студиски албум насловен „Anti“ Ријана го објави во јануари 2016 година, а последното што го слушнавме од неа беше соработката со колегата Фарел Вилијамс и неговата група „Ен-и-ар-ди“ (NERD) за темата „Lemon“. Таа во меѓувреме беше посветена и на својата актерска кариера, играјќи една од главните улоги во актуелниот хит „Осумте на Оушн“, а зафатена е и со промоција на својата козметичка линија „Фенти бјути“.



Врати се горе ↑