Свет Rihanna_UK-with-David-Guetta_Tour-Layout_608x376

17 ноември, 2012

Ријана следната година во Белград

Како што дознава срскиот медиум „Трачара“, популарната пејачка од Барбадос, Ријана ќе одржи концерт во Белград на 1-ви август следната година. Пејачката веќе има настапувано во српската престолнина во 2007 година, а нејзината светска турнеја „Diamonds“ ќе ја започне на 8-ми март 2013 година во Бафало, па ќе продолжи во околу 40 градови ширум светот.

Новиот албум на Ријана ќе пристигне за 2 дена (19-ти ноември), а во моментов покрај тоа што доминира со светската музичка сцена, Рири е личност број 1 на Фејсбук, со преку 31 милион допаѓања. Повеќе информации за концертот ќе дознаеме наскоро.

 



Врати се горе ↑