Аудио rihanna-diamonds-world-tour

18 ноември, 2012

Ријана сепак нема да настапува во Белград

Откако Википедија го вметна Белград во списокот на концертни дестинации во рамките на светската турнеја „Diamonds World Tour“ на Ријана, фановите веќе почнаа да се радуваат. Меѓутоа, од Комбанк Арената изјавиле дека таа информација не е точна. Светската турнеја на пејачката ќе започне во март следната година, започнувајќи од САД и Канада, а на крајот на мај ќе дојде и во Европа.

Иако на Википедија пишува дека по Шпанија, Франција, Германија и други земји, Ријана ќе настапи во Србија на 1-ви август, тоа не е точно. Имено, на официјалната веб страна на пејачката распоредот на концерти завршува на 26-ти јули со нејзиниот настап во Норвешка.

Во продолжение преслушајте го ремиксот на нејзниот синлг „Diamonds“ во соработка со Канје Вест.



Врати се горе ↑