3 ноември, 2017

Ријана рапува во повратничкиот сингл на „Ен-и-ар-ди“

После цели седум години пауза, американското трио „Ен-и-ар-ди“ (N.E.R.D.), предводено од хитмејкерот Фарел Вилијамс, конечно се враќа на музичката сцена, а за својот повратнички сингл насловен „Lemon“ ги здружи силите со колешката Ријана, која рапува во неколку стихови од песната.

„Lemon“, чие видео можете да го погледнете горе, воедно е најава за новиот проект на „Ен-и-ар-ди“, кој го носи насловот „No_One Ever Really Dies“. Откако го објави својот (засега) последен албум „Nothing“ во 2010 година, триото пред две години повторно се собра за потребите на анимираниот филм „Сунѓерот Боб“, чиј саундтрак ја содржи нивната песна „Squeeze Me“.



Врати се горе ↑