Свет 753180_rihannaINjpg

13 октомври, 2014

Ријана подготвува нов албум

Објавувајќи фотографија од студио, Ријана ги израдува своите фанови кои со нетрпение го очекуваат нејзиниот нов албум. Популарната пејачка во периодот од 2009 до 2012 година објавуваше по едно издание годишно, така што јасно е зошто фановите едвај чекаат да го слушнат новиот материјал. По последниот албум „Unapologetic“, последното што имавме можност да го слушнеме од неа е дуетот со Шакира за темата „Can’t Remember To Forget You“, а неодамна ја заврши и заедничката турнеја со Еминем насловена по нивната последна соработка – „Monster“.

 



Врати се горе ↑