Свет 2637089-rihanna-777-tour-london-617-409

26 ноември, 2012

Ријана по стапките на Ејми Вајнхаус?

Како и тргнало на Ријана, ништо чудно да ја снајде истата судбина како Ејми Вајнхаус. Имено, во рамките на нејзината неодамнешна турнеја 777, со која во рок од 7 дена одржа 7 концерти во 7 земји во светот каде што го промовираше новиот албум „Unapologetic“, Ријана често била под дејство на алкохол и дроги, а пеела на плејбек.

Како што пренесуваат новинарите кои ги следеа нејзините концерти, се чини дека Рири оди по стапките на нејзината несреќно настрадана колешка Ејми Вајнхаус. „Не сакам ни да кажам дека во текот на настапите Ријана беше видно пијана или дрогирана. Секој концерто го започнуваше со доцнење од најмалку 3 часа, а поголемиот дел од песните не го пееше во живо, што и не е големо изненадување. Бритни Спирс за разлика од неа барем малку танцува на концертите“ – напишал новинар за сајтот Gawker.com.

Секој концерт пејачката го започнувала со реченицата „What the f*ck is up“, додавајќи го само името на градот каде што настапувала, по кое следувал едночасовен концерт на кој Ријана пеела на плејбек, а за време на еден концерт дури и се расправала со членовите на бендот на сред настап. Од овој инцидент беше ставена и снимка на ЈуТјуб, но подоцна истата е отстранета. Во продолжение погледнета ја изведбата на нејзиниот голем хит „Diamonds“ во Париз, па проценете сами во каква состојба била Рири за време на оваа турнеја.

 



Врати се горе ↑