Аудио kw-r-pm

26 јануари, 2015

Ријана ја објави соработката со Канје Вест и Пол Макартни

Убавицата од Барбадос конечно објави нова песна со која го најавува нејзиниот долгоочекуван нов албум насловен „#R8“. Уште поинтересно е тоа што првиот „залак“ од новиот материјал е мошне невообичаена соработка со колегите Канје Вест и легендарниот „Битлс“ Пол Макартни, кои на почетокот на годинава ја претставија заедничката тема „Only One“. Новиот сингл на Ријана насловен „FourFiveSeconds“ е едноставен блуз дует во придружба на акустична гитара и е достапен на официјалната веб страна на пејачката, a можете да го преслушате и на британскиот „Ем-ти-ви“.

Инаку, на осмото студиско издание на пејачката, како соработници ќе се потпишат Келвин Харис и Џон Њумен, а неодамна се појави веста дека е можна соработка и со „Флоренс енд д машин“.



Врати се горе ↑