Аудио Chris-Brown-Rihanna

16 ноември, 2012

Ријана и Крис Браун во дует

Славниот пар кој не може глава да крене од цело внимание кое јавноста го посветува на нивната врска, реши да ги „откачи“ сите пеејќи „Nobody’s Business“. Песната на Ријана и Крис Браун вчера беше објавена на ЈуТјуб, а ќе се најде и на нејзиниот претстоен албум „Unapologetic“, кој ќе излезе за неколку дена. „Nobody’s Business“ е интересна нумера која на моменти потсетува на стилот на Мајкл Џексон, а и самиот ритам малку нè враќа на музиката од осумдесеттите години. Во секој случај, оваа соработка сигурно ќе привлече големо внимание.



Врати се горе ↑