Свет rihanna_justin_bieber

21 март, 2013

Ријана и Џастин Бибер се борат за „престолот“ на ЈуТјуб

Пред околу три недели, според бројот на вкупни прегледи на сервисот ЈуТјуб, Ријана го надмина популарниот колега Џастин Бибер, но според податоците на сервисот StarCount, канадската тинејџерска атракција во текот на минатиот викенд се вратил на самиот врв. И двајцата имаат околу 3,5 милијарди прегледи на нивните видео записи.

Своевремено, Лејди Гага била првата која ја премина границата од милијарда прегледи на овој сервис во октомври 2010 година, но по само месец дена, во ноември истата година, Бибер ја презеде водечката позиција и токму тој е изведувачот кој прв ги премина „границите“ од две и три милијарди прегледи. Гага во моментов е на четвртата позиција, местото број три и понатаму го задржува Еминем, но веќе два месеца се води борба меѓу првото и второто место, која стана дополнително комплицирана со неодамнешното бришење на „сомнителни“ прегледи кај одредени изведувачи.

Дека работите наскоро ќе бидат уште покомплицирани зборува и тоа што сопственикот на официјално најгледаниот видео запис на ЈуТјуб (мегахитот „Гангнам Стајл“ кој бележи 1,4 милијарди прегледи), и самиот на својот канал ја премина границата од две милијарди, а во продолжение погледнете како изгледа актуелната YouTube Top 10 листа „на сите времиња“, според податоците на сервисот StarCount, објацени на 19-ти март.

  1. Justin Bieber (JustinBieberVEVO) – 3,520,426,883 прегледи
  2. Rihanna (RihannaVEVO) – 3,401,883,870 прегледи
  3. Eminem (EminemVEVO) – 2,290,773,706 прегледи
  4. Lady Gaga (LadyGagaVEVO) – 2,179,860,219 прегледи
  5. PSY (officialpsy) – 2,073,173,676 прегледи
  6. Shakira (shakiraVEVO) – 1,911,962,769 прегледи
  7. Beyoncé (beyonceVEVO) – 1,780,402,638 прегледи
  8. Chris Brown (ChrisBrownVEVO) – 1,516,922,667 прегледи
  9. The Black Eyed Peas (BlackEyedPeasVEVO) – 1,490,270,139 прегледи
  10. Jennifer Lopez (JenniferLopezVEVO) – 1,482,012,369 прегледи

Извор: music-news.com



Врати се горе ↑