9 ноември, 2012

Ријана го промовира новиот спот за „Дијамантите“

Пејачката со потекло од Барбадос, која наскоро ќе го издаде и нејзиниот нов седми по ред студиски албум, вчера имаше светска премиера за видео записот за нејзиниот последен сингл „Diamonds“. Албумот со наслов „Unapologetic“  ќе биде издаден на 19-ти ноември и ќе го има во продажба низ целиот свет.

Како најава за претстојниот албум, во септември Ријана го издаде првиот сингл „Diamonds“, кој го опиша како „среќен и хипи“, нешто поразлично од она што до сега можевме да го слушнеме од неа. Погледнете го и видео записот за таа нумера.



Врати се горе ↑