Свет 0de4cdd1437f49068fb30c799d3f1d53

3 февруари, 2013

Ријана: Ако е ова грешка, ќе ги трпам последиците

Ријана конечно проговори за нејзината врска со Крис Браун во интервју за магазинот Rolling Stone. По шпекулациите на медиумите околу помирувањето на поранешните љубовници, таа призна дека повторно се гледа со Браун и дека е свесна како тоа влијае на нејзината слика во јавноста. „Одлучив дека за мене е поважно да бидам среќна“ – изјавила пејачката, додавајќи: „Не сакам ничие мислење да влијае на мене. Ако е ова грешка ќе ги трпам последиците. Во текот на изминатите години се мачев, бев лута и се чувствував лошо, но сега порадо би го живеела она што сметам дека вистинското за мене и би ги издржала критиките. Можам да се носам со тоа.“

Двојката, која веројатно подготвува уште еден дует, се смири по четири години откако Браун ја нападна пејачката една ноќ пред доделувањето на Греми наградите во 2009 година, за што сè уште служи условна казна. Ријана тврди дека ситуацијата сега е поинаква: „Меѓусебно се цениме. Знаеме што имаме и не сакаме тоа да го изгубиме.“ Пејачката исто така застанала и во одбрана на нејзиното момче: „Направи грешка, го плати долгот. Плати многу. И сигурна сум дека тој никогаш повеќе не сака да се врати во таа фаза. А понекогаш на луѓето им е потребна поддршка и охрабрување, наместо исмејување и критики.“

 

Извор: Rolling Stone



Врати се горе ↑