6 февруари, 2013

Ричи и Жера „Ќе ѝ признаат сè“

Младиот босански музичар Руско Ричи (Rusko Richie), кој веќе неколку години живее и работи во Словенија и Дражен Жериќ Жера (Црвена Јабука) снимија дует кој деновиве доби и свое видео издание. Станува збор за нумерата „Priznat ću joj sve“, која произлегла од нивното долгогодишно пријателство, а песната авторски ја потпишува самиот Ричи. Режијата и сценариото ги потпишува Ненад Муждек, снимател бил Дејан Бабушек, а видео записот во целот го потпишува Снаут продукција. За шминката се погрижија Сандра Пухар и Кармен Клинц.

Песната „Priznat ću joj sve“ е делумно автобиографска: „Многу пати и јас сум бил на дното и не сум знаел тоа да го сокријам. Надежта никогаш не ме напушти, а со тоа се уверив дека старата народна ’После дождот доаѓа сонце’ и тоа како е вистинита! Понекогаш се плашиме од љубовта и едноставно побегнуваме. Мислиме дека со тоа го правиме вистинскиот чекор, а всушност не сфаќаме дека токму во тој момент на вљубеност сме биле и тоа како среќни“ – изјавил Ричи за klix.ba.
Извор: klix.ba/фото: фејсбук, Srecko Cikac


Врати се горе ↑