Балкан RIBLJA-cORBA-713928_w640

1 ноември, 2012

Рибља Чорба наскоро со нов албум

Новиот деветнаесетти по ред студиски албум на највлијателната српска рок група Рибља Чорба, насловен „Узбуна“ ќе биде пуштен во продажба на 15ти ноември. Иако првичниот датум беше денеска, 1ви ноември, објавувањето беше одложено заради доцнењето во изработката на омотот. Имено, Југослав Влаховиќ и неговиот син Јакша задоцнија со дизајнот, а идејата била на кориците на дискот да се најде пилето од третиот албум „Мртва природа“, но овој пат тоа да биде крволочен терминатор, пиле убиец кое ја симболизира модерната технологија против која секојдневно се бориме.

Гитаристот на бендот изјави дека Влаховиќ веќе се при крај со дизајнот на омотот, не само за дискот, туку и за грамофонската плоча која ќе излезе за РТВ Стара Пазова. Истовремено ќе биде објавен и нивниот винил сингл со песните Узбуна“ и „Ужасно ми недостаје“, а тоа ќе биде жива снимка од студиото Мастер бластер. Сето ова ќе биде пуштено во продажба на 15ти ноември.

На албумот ќе се најдат 12 песни, а повторно по 27 години го продуцираше англичанецот Џон Мекој, кој своевремено ги продуцираше најпродаваните албуми во историјата на југословенскиот рокенрол, како што се „Мртва природа“, а потоа и две плочи од златното доба на бендот „Бувљу пијацу“ и “Истину“. Иако пред неколку месеци беше најавено дека овој албум ќе го објави нивната најстара дискографска куќа ПГП-РТС, неодамна се обелодени новиот издавач на бендот, а тоа е „Сити Рекордс“.

Во продолжение слушнете ја студиската верзија на насловната нумера „Узбуна“.

 

 



Врати се горе ↑