Аудио jc-lt

3 ноември, 2014

Режисерот на хорор филмови, Џон Карпентер го најави својот деби албум „Lost Themes“

Дури и да не сте љубители на хорор филмовите, сигурно сте погледнале барем еден од познатиот режисер Џон Карпентер, како што се „Ноќта на вештерките“, „Магла“, „Бегство од Њујорк“ или „Вампири“. Главната одлика на секој од нив е нивната едноставна, но предизвикувачка електронска музика. Вистинските љубители на филмовите знаат дека Карпентер секогаш ги здружувал силите со познатиот продуцент Џорџо Мородер, особено во седумдесеттите и осумдесеттите години.

Но, сега, познатиот режисер го подготвува и своето прво музичко издание насловено „Lost Themes“, кое ќе излезе на 3 февруари следната година. Албумот ќе содржи девет теми на кои Карпентер работел со музичарот Даниел Дејвис и неговиот син, Коди Карпентер. Првиот „залак“ од претстојното издание доаѓа во форма на специјално изработен видео запис за темата „Vortex“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете на веб страната на „Сејкред боунс рекордс“Sacred Bones Records).

Извор: Idolator



Врати се горе ↑