27 ноември, 2017

Ретро забава во новото видео на Сиа за „Santa’s Coming For Us“

Австралиската дива Сиа неодамна го објави својот прв празничен албум, „Everyday Is Christmas“, кој беше најавен со веселиот сингл „Santa’s Coming For Us“. Токму оваа песна деновиве доби интересна и ретро екранизација, навраќајќи се кон педесеттите години од минатиот век.

Имено, целата приказна е празнична забава, а главните улоги ги имаат познати филмски и телевизиски актери, меѓу кои Кристен Бел, Дакс Шепард, Хенри Винклер, Сузан Лучи, Софија Лилис, Вајат Олеф и Кејлеб Меклафлин, а додека сите тие се забавуваат, ги посетува Дедо Мраз, кој го игра Џеј Би Смув. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, „Everyday Is Christmas“ беше објавен на 17 ноември и содржи 10 сосема нови, авторски песни на Сиа и нејзиниот долгогодишен соработник, продуцентот Грег Крстин, а сето тоа можете да го преслушате овде.

 



Врати се горе ↑