16 јуни, 2013

Ретро видео запис од Бруно Марс: Погледнете го „Treasure“

Од актуелниот албум „Unorthodox Jukebox“ на Бруно Марс пристигна и третиот сингл насловен „Treasure“. По „Locked Out Of Heaven“ следуваше прекрасната балада „When I Was Your Man“, која одлично котираше на сите светски топ листи, искачувајќи се до самиот врв. А сега ѕвездата која го престигна и самиот крал Елвис Пресли на Билбордовата листа продолжува во ретро стил, враќајќи нè во диско ерата.

„Treasure“ е одличен избор за летен хит сингл, а како изгледа разиграниот видео запис можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑