29 јануари, 2015

„Ретко те гледам со девојки“ е новиот сингл на „Пи-ем-џи колектив“

По темата „80ти“, „Пи-ем-џи колектив“ денеска претстави уште еден сингл од претстојниот, шести по ред, албум „#ExYou“, закажан за март годинава. Темата насловена „Ретко те гледам со девојки“ е преработка на истоимената песна, која во 1979 година ја сними познатата српска група „ВИС Идоли“ и чиј автор е Влада Дивљан. Песната ќе биде достапна за симнување од 2 февруари на веб страната на „Пи-ем-џи рекордингс“.

„Одлична можност да го погледнете и да се провеселите во кругот на вашата фамилија, славејќи ги секако семејните вредности“, вака е најавен новиот сингл на „Пи-ем-џи колектив“, кој Ве очекува горе.



Врати се горе ↑