Македонија parketi back

21 декември, 2012

„Република Франкенштајн“ е последниот албум на „Паркети“

Пред неколку дена„ Паркети“ го најавија новиот албум, кој веќе од вчера е достапен за бесплатно симнување од интернет. Овој последен албум од битолскиот бенд е насловен „Република Франкенштајн“ и содржи 13 нумери, односно 12 песни и еден микс на насловната нумера, меѓу кои веќе познатите „Шеќерна“, „Bang Bang“, „Фајронт“, „Ми пукна филмот“, „Болен си во умо“ и други.

Овој албум е снимен и миксуван во студиото „Фуш рекордс“ од страна на Марк Прпс (Mark Purpose) и Сашо Паркет од мај до ноември 2011 година. Мастерингот е направен во 4CN – Studios Германија, аранжманите на сите песни се на „Паркети“ и Марк, а на песната „Фајронт“ во аранжманот учествува и Доне Скендеров. Специјални гости на гудачки инструменти се: Димитар – вилина, Љупчо – виола, Дејан – чело, алт саксофон во „Шеќерна“ е легендарниот и единствен Пеце Кларинет Паркет, а Паркети е составен од: Симс Себастијан Паркет (највисокио), Славе Паркет (најстарио), Зоки Паркет (професоро), Сашо Паркет (Брус Ли) и Марија Паркет (чупето).

„Паркети“ се заблагодаруваат:

„Фала до издавачот, спонзорите, родителите, фановите, сите членови на Паркети кои свиреле со нас во овие две децении, новинарите од сите телевизии и радиа кои не емитуваа и ќе не емитуваат или ќе пишат во весници и други врсти на пишани медиуми… благодариме за поддршката… фала до сите наши колеги музичари и други уметници кои придонесуваат за уметноста и нè инспирираат. Фала до сите градови, клубови и фестивали кои не поканиле да свириме во овие 20 години. Фала до сите со скршени срца за тоа што ја одржуваат емоцијата да постои во овој свет. Последен поздрав до Белио и Соња, каде и да сте…“

Албумот кој ги претставува „Паркети“ во вистинско светло можете да го слушнете во продолжение, а бесплатно можете да го симнете на www.dropbox.com.

 



Врати се горе ↑