Балкан

14 ноември, 2012

„Репетитор“ со нов спот и албум

Вториот студиски албум на белградскиот бенд „Репетитор“, насловен „Добродошли на океан“ ќе биде пуштен во продажба на 29 ноември, најави независната издавачка куќа „Мунли рекордс“ (Moonlee Records). Новиот албум ќе биде во форма на цеде, винил, како и за бесплатно симнување на интернет.

Бендот го објави и првиот сингл од новиот албум „У правом тренутку“, којшто можете да го преслушате на „Мунли бендкемп“. За овој сингл е снимен и видео запис за кој се погрижија Миоград Цицовиќ (режија и монтажа) и Иван Тодоровски (камера), а посебна благодарност им изјавија и на белградското студио „Дигимедија“. Погледнете го спотот за оваа нумера.

Извор: balcanrock.com



Врати се горе ↑