Аудио rennata-this-christmas-night

4 декември, 2012

Рената Ви ги честита празниците со „This Christmas Night“

На наше големо задоволство, светските трендови ги следат и нашите музичари во последниве неколку години со тоа што подготвуваат прекрасен музички материјал и ни ги разубавуваат најубавите моменти во годината. За оваа година непосредно пред празниците, првата „честитка“ стигна од Рената Кралевска. По огромниот успех на „Time time“ и неодамнешниот сингл „Because I Love You“, одлично освежување од Рената е прекрасната балада „This Christmas Night“. И оваа нумера е на англиски јазик, а ќе се пласира и на светскиот пазар. Во продолжение преслушајте ја божиќната балада која верувам дека ќе Ви се допадне и ќе стане дел од празничниот репертоар оваа и секоја следна година. Уживајте!

 



Врати се горе ↑