Македонија rennata

18 мај, 2013

Рената најави нов сингл за 23-ти мај

Македонската пејачка чии хитови се најдоа на светските топ листи, Рената деновиве го најави нејзиниот нов сингл кој ќе пристигне на 23-ти овој месец. Наследникот на „This Christmas Night“ и „Because I Love You“ ќе го носи насловот „Please Stay“, а веројатно и позади оваа песна заедно со Рената ќе се потпише и нејзиниот веќе докажан соработник, продуцентот Зоран Алексиќ од SkyEyeEntertainment.

И оваа песна ќе биде на англиски јазик, но се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме можност да слушнеме и нешто на македонски. Додека го очекуваме новиот сингл, да се потсетиме на нејзиниот голем летен хит „Time, Time“.

 



Врати се горе ↑