Македонија rennata-vevo-01

25 јули, 2013

Рената ќе го промовира првиот спот на „ВИВО“

Најголемата македонска музичка надеж Рената, која е рамо до рамо со големите светски ѕвезди, нè изненади со уште еден новитет . Нејзината издавачка куќа неодамна го стартуваше официјалниот „Вево” (VEVO) канал на платформата „Јутјуб“. Станува збор за најпрестижна видео музичка мрежа која е под контрола на најголемите светски музички продукции (Јуниверзал музик, Сони, ЕМИ…).

Продуцентската куќа „Скај ај ентертејнмент“ (Sky Eye Entertainment),  која се грижи за кариерата на Рената, е една од ретките независни продуцентски куќи во светот кои добија зелено светло за приклучување кон „Виво“.

„Не сме изненадени поради тоа што го добивме овој канал, секако дека ни е драг и значи полесна промоција за нашата Рената, но кога ќе се подготвите добро и имате развиено одлична комуникација со клучните фактори во големата музичка индрустрија, сè е полесно и доаѓа сосема природно, впрочем како што и се изгради нашата соработка со Рената.” додаде Зоран Алексиќ, композитор и основач на „Скај ај ентертејнмент“.

Рената во изминатиот месец го сними своето прво музичко видео за актуелниот сингл „Please Stay”, кое својата официјална промоција ќе ја доживее на нејзиниот RennataVEVO”  канал каде сите посетители ќе можат да го проследат на почетокот од следниот месец.

 



Врати се горе ↑