9 октомври, 2015

Рената го претстави видео записот за „West Side Story“

Последниот сингл на амбасадорката на „Дурекс“ – Рената Кралевска, денеска доби и свое видео издание, кое беше претставено токму на каналот на „Дурекс Македонија“. Станува збор за песната „West Side Story“, која Кралевска ја промовираше во март годинава и на која се потпишува и како автор на текстот, додека музиката и продукцијата се дело на нејзиниот долгогодишен соработник Зоран Алексиќ.

„Песната е за една поинаква љубовна приказна, поточно што ја доживуваме како филмска љубовна приказна. Верувам дека секој од нас ја има оваа ’западна приказна’ или заслужува да ја има.  Емоцијата го доловува чувството на вистинска личност покрај себе, личност која би направила да се почувствуваш посебно, единствено, со голема сигурност и заводливост. Таков е и самиот звук, попровокативен и сексапилен. Оваа песна доста се разликува од останатите кои ги имам издадено и некако е најмногу по мој вкус. Овој звук ме опишува целосно, се пронаоѓам во целата оваа приказна“, рече пејачката.

Видео записот е во режија на Христијан Конески, а за изгледот на Рената, која во речиси секој нов проект ја гледаме во поинакво издание, се погрижија модната креаторка Ивана Кнез и стилистот Даниел Николовски. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑