31 јули, 2013

Рената го претстави својот прв видео запис

Младата македонска пејачка Рената, која на многумина од Европа им привлече внимание со сопствениот стил и вокал, од денес во етерот преку својата музичка продукција „Скај ај ентертејнмент“ (Sky Eye Entertainment) го претстави првиот видео запис на „Виво“ на сервисот „Јутјуб“.

Станува збор за нејзиниот последен хит „Please Stay”, кој музички го создаде продуцентот Зоран Алексиќ и видеото кое го изработи веќе докажаниот режисер Илија Тодоровски кој е составен дел од продукцијата.

„Се насочивме повеќе на фотографијата и сметам дека истата си го достигна нивото кое беше оптимално и најважно за да се најде на интернационалната видео сцена, драго ми е што комплетно е реализирано и одобрено од страна на одговорните од ’Виво’ како прв македонски видео продукт” додаде режисерот Тодоровски.

Please Stay“ можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑