18 април, 2017

Рената го претстави своето „Кралство“

Светско, а наше – вака може да се опише најновиот од низата хитови на Рената Кралевска, која сè повеќе се „заканува“ да ја освои светската музичка сцена. Станува збор за темата насловена „Queendom“, за која пејачката соработуваше со шведскиот продуцент Алекс Фјоса и Мариус, експерт за мастеринг што работел со повеќе познати музички ѕвезди, меѓу кои и американскиот рапер Соулџа Бој.

рени

Сето тоа визуелно го спакува режисерот Зоран Зонде Стојановски, каде што во придружба на два добермани и верните поданици што веат знамиња, Рената тргнува во поход за освојување на нови територии. Со заразниот ритам што ќе Ве натера да танцувате, „Queendom“ дефинитивно е инстант хит, ода за модерните и самостојни дами, на кои не им е потребен крал за да го покорат светот.

17757102_1466970290000679_6298950785304617136_n

„Со гордост Ви го претставувам моето ’Кралство’. Благодарна сум за прекрасниот тим кој веруваше во мене и беше покрај мене сево ова време“, напиша Рената претставувајќи го новиот сингл, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

1



Врати се горе ↑