Аудио r-wss

2 март, 2015

Рената го претстави новиот сингл „West Side Story“

Амбасадорката на „Дурекс“, Рената на својот канал на „Виво“ (VEVO) на сервисот „Јутјуб“ го промовираше новиот, шести по ред сингл „West Side Story“. Песната премиерно ќе биде промовирана и на „Радио експрес“ во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7.000 радија во светот.

„Песната е за една поинаква љубовна приказна, поточно што ја доживуваме како филмска љубовна приказна. Верувам дека секој од нас ја има оваа ’западна приказна’ или заслужува да ја има.  Емоцијата го доловува чувството на вистинска личност покрај себе, личност која би направила да се почувствуваш посебно, единствено, со голема сигурност и заводливост. Таков е и самиот звук, попровокативен и сексапилен. Оваа песна доста се разликува од останатите кои ги имам издадено и некако е најмногу по мој вкус. Овој звук ме опишува целосно, се пронаоѓам во целата оваа приказна“, изјави Рената.

Текстот на новата песна е на Рената, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ. Видео записот за „West Side Story“ во моментов го подготвува тимот на „Скај ај ентертејнмент“ (Sky Eye Entertainment), а на музичкиот пазар ќе се пласира за еден месец, кога Рената ќе ја видиме во поинакво издание, поддржано од светскиот бренд „Дурекс“.

„Улогата на амбасадор на ’Дурекс’ ми претставува предизвик пред сè заради целата кампања, која е за општо добро на сите млади. Целта е да се подигне свеста кај истите за безбедна љубов, нешто што е најважно. Потребно е информирање на младите свесно да знаат како да се заштитат од сите сексуално преносливи инфекции или непланирана бременост. Љубовта е посебно чувство и токму поради тоа треба да се доживее на вистинскиот начин, помеѓу две личности кои знаат како да се грижат еден за друг“, додаде Рената.

Рената е првата во регионот која доби „Виво“ канал што значи вистински престиж во музичкиот свет како платформа што ја користат големи светски музички имиња. Новиот сингл можете да го преслушате во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑