Видео

21 декември, 2018

„Reminder“, нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл Reminder“, за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза. Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон (David Lion) и претставува храбра комбинација на балкан-бит звукот со глич-хоп и реге-влијанија.

Ова издание под етикетата на „Филтер лејбл“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

Синглот „Reminder“ е премиерно објавен на официјалниот канал на Јутјуб на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.



Врати се горе ↑