Настани ImageProxy (1)

7 мај, 2014

„Release Yourself“ забавата со РОЏЕР САНЧЕЗ се сели во „Метрополис Арена“‏

Со цел да бидеме сигурни дека ништо нема да се испречи пред ветувањето дека настапот на РОЏЕР САНЧЕЗ ќе биде најдобрата забава која ќе ја одбележи концертната пролет оваа година, ве известуваме дека локацијата за одржување на настанот е преместена во затворен простор. И покрај желбата токму настапот на РОЏЕР САНЧЕЗ како отворање на летната концертна сезона да биде најголемата забава под отворено небо и иницијативата да ги задоволиме желбите на сите кои неодамна бевме понесени од сончевото пролетно будење, поради временските (не)прилики „Release Yourself“ забавата со Роџер Санчез ќе се одржи во „Метрополис Арена“ во Скопје!

Но, без оглед на променливото време, датумот за најголемата пролетна електро забава 16 мај 2014 останува непроменет, како и гаранцијата за сензационална „Грин Бич Фестивал“ pre-party.Вечерта на 16 мај подгответе се да излезете од секојдневието, затоа што ве очекува колективно ослободување на неверојатна позитивна енергија со амбасадорот на денс музиката и творецот на светски популарните „Release Yourself“ забави. Бидете сигурни дека во секој поглед нè очекува незаборавно доживување без разлика дали истото ќе го запишеме во спомените како врела мајска ноќ или дождлива пролетна вечер.

Во организација на Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертеинмент, на сензационалната вечер на 16 мај во „Метрополис Арена“, еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена РОЏЕР САНЧЕЗ, кој минатата година успеа да ја сруши посетеноста на „Грин Бич“ фестивалот со повеќе од 10.000 фанови, ќе ја претстави својата нова музика, препознатливите секси-вокали и адреналински ритми со голема „Release Yourself“ забава.

Ве потсетуваме дека треба да побрзате за влезниците за „Release Yourself“ забавата со Роџер Санчез кои се достапни во претпродажба по цена од 400 денари, а чија полна цена на денот на концертот ќе биде 500 денари.

Покрај регуларните влезници, во пордажба се иВИП влезниците од 1.000 денари, како и повеќе типови на ВИП пакети:
* ВИП ПАКЕТ 1 – 5.000 денари (Висока барска маса + 4 ВИП карти + 15 Heineken 0.5Л)
* ВИП ПАКЕТ 2 – 6.000 денари (Висока барска маса + 4 ВИП карти + Eristoff 1Л / Dewars 0,7 Л + 4 Red Bull + 4 води Роса 0,5Л)
* ВИП ПАКЕТ 3 – 9.000 денари (Висока барска маса + 4 ВИП карти + Grey Goose 0,7 Л / Dewars 12 years old 0.7Л + 4 Red Bull + 4 води Роса 0,5Л).

Продажбата на влезниците се спроведува преку мрежата на  МКтикетс.

РОЏЕР САНЧЕЗ е едно од водечките светски имиња во хаус музиката. Познат како “DJ’s DJ” и “Producer’s producer,” Санчез го ужива статусот на господар на жанрот. Како вистински граѓанин на светот, Роџер го предводеше патот како амбасадор на електронското денс движење, ослободувајќи ги неговите емотивно полни и енергични сетови за френетичен танц низ подиумите ширум светот. Санчез оствари бројни хитови на европските и светските топ листи, подеднакво со својата сопствена музика и со ремиксите кои ги направи за низа музички ѕвезди вклучувајќи ги Алиша Кис, Кајли Миног, Дафт Панк, Мадона, Мајкл Џексон, „Џамиракуај“, „Гарбиџ“, „Д Полис“, „Но Даут“ и „Марун 5“. Неговиот сингл „Release Yo Self” објавен во 1996 година прерасна во светски феномен, а познат е и по своето неделно радио шоу со 15 милиони слушатели во светот, „Release Yourself“. Двонеделниот подкаст, спин-оф од радио шоуто е дистрибуиран на меѓународно ниво, а во 2007 година ја освои и првата „Best podcast“ награда на престижните „Интернешнл Денс Мјузик Авордс“ (International Dance Music Awards – IDMA). „Release Yourself“ радио шоуто имено се емитува во повеќе од 25 земји ширум светот, а на таа листа се наоѓа и македонското Антена 5 Радио. Неговите забави се светски познати како целовечерни доживувања, експлозивни петчасовни сетови експертски креирани да им приредат извонредно и воздигнувачко искуство на сите вљубеници во електронскиот звук, кое ви овозможува вистинско ослободување. Токму такво незаборавно искуство Роџер Санчез ветува и за „Release Yourself“ забавата која ќе ја приреди во Скопје.



Врати се горе ↑