Аудио Requiem-foto Ziga Lovsin

23 мај, 2013

Реквием ќе го освојува Балканот: слушнете го новиот сингл

По бурната 2012 година кога дојде и до краток прекин во работата, словенечката група Реквием (Requiem) успешно продолжува по својот пат објавувајќи го новиот сингл „Just Another Fool“. Марко Слокар, лидерот и гитарист на овој бенд кој годинава слави јубилеј од 20 години, собра нова постава за бендот составена од Јуриј Егзи Чотар, Јани Лах, Роман Милавец и Домен Домо Горјуп, која на почетокот на месец мај ја сними оваа моќна балада.

Новиот сингл го најавува и Best Of албумот на кој меѓу другите ќе се најдат и нумерите „Старе девице“, „Амстердам“ и „Звездно небо“. Сите песни ќе бидат отпеани на англиски јазик, додека споменатите три Реквием ќе ги препее и на српско-хрватски јазик, со цел да ѝ се претстави на публиката од просторот на поранешна Југославија, но и на просторот на цела Европа.

Реквием е основан во 1993 година. Со неколку паузи во постоењето, составот има објавено пет студиски изданија, а последниот „Fallen Angel“ е објавен во 2012 година. Новиот сингл „Just Another Fool“ можете да го слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑