29 август, 2016

Рекордна посетеност на концертот на Северина во Берово

Во саботата, 27 август, познатата хрватска пејачка одржа концерт во Берово, каде што присуствуваа над 70.000 посетители. Воодушевена од големата посетеност, Северина сподели видео од овој настан, кој беше во рамките на фестивалот „Етно сквер“, а она што може да се види од снимката е дека Берово беше навистина претесно за да ги собере сите обожаватели на поп дивата.

севе

„Ова е еден од оние концерти кои никогаш не се забораваат… Непроценливо е чувството да се пее пред толку многу луѓе, иако, додека не ја видов оваа снимка, не верував во толкавата бројка… Засекогаш во моето срце, благодарам Македонија“, изјави пејачката, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

берово



Врати се горе ↑