Аудио ray-j-i-hit-it-first-kim-kardashian-600x450

8 април, 2013

Реј Џеј со песна за поранешната девојка Ким Кардашијан

Реј Џеј (Ray J) планира да се врати на музичката сцена, а тоа го направи на интересен начин, кој секако ќе привлече многу внимание. Имено, познато е дека тој беше во врска со Ким Кардашијан, која постојано е во центарот на вниманието, особено сега кога очекува дете од нејзиното момче Канје Вест. Токму затоа овој сингл ќе привлече големо внимание и со самиот наслов кој гласи „I Hit It First“, а и со текстот во кој покрај Ким се споменува и Канје.

Всушност во текстот се зборува за нивната врска пред и по појавувањето на секс снимката од 2007 година, а песната започнува со стиховите : „She might move on to rappers and ballplayers / But we all know I hit it first / I had her head going North and her ass going South / But now baby chose to go West/ No matter where she goes or who she knows / She still belongs in my bed”.

Како што пишува Idolator, насловната слика за овој сингл е веројатно пикселизирана верзија на папараци фотографија од Кардашијан, која потсетува и на цензурирана верзија на обвивката на албумот „My Beautiful Dark Twisted Fantasy“ од Канје. За сега нема реакции ниту од Ким ниту од Вест, а иако „I Hit It First“ беше закажана за 9-ти април, песната „протече“ малку порано и можете да ја слушнете во продолжение.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑