7 мај, 2013

Реј Џеј го претстави видео записот за „I Hit It First“, посветена на Ким Кардашијан

Минатиот месец, раперот Реј Џеј кој многу повеќе го препознаваат по неговата врска и скандалот со Ким Кардашијан, отколку по неговото музичко творештво, го најави враќањето на музичката сцена на интересен начин – со песна посветена токму на поранешната девојка Ким, а уште поинтересен е и самиот наслов. Веќе имавте можност да ја слушнете песната „I Hit It First“ , а деновиве пристигна и видео запис во кој се појавува девојка која многу личи на Кардашијан.

Кога го прашале Реј Џеј што сака да порача со песната, тој рекол: „Мислам дека луѓето копаат многу длабоко. Тоа е само песна и само се забавуваме. Не се обидувам да започнам војна. Сè е за љубов.“

 

 



Врати се горе ↑