Артисти Regulator2 photo by Regulator promo

21 август, 2014

„Регулатор“ дебитираат со „Долина“

Младиот состав „Регулатор“, со една од најперспективните етикети на просторот од некогашната заедничка држава, неодамна го објави својот официјален прв сингл кој претставува вовед во деби албумот најавен за крајот на есенва. Бендот основан во 2011 година, одлучи првата нумера која ќе ја претстави пред јавноста да биде темата „Долина“, која е снимена во студиото „Чешњак“ во Крагујевац, Србија.

„Пресреќни сме што конечно можеме да претставиме материјал на којшто работевме во изминатите година дена. За сега тоа е една песна, а наскоро ќе биде достапен и цел албум. Во план е снимање на видео материјал и, секако, физичко издание на самиот албум, а со оглед на тоа што веќе има доволно нов материјал, планираме и повторно да влеземе во студио кон крајот на годината“, во кратки црти откриваат Огњен Илиќ, Лука Петровиќ, Богдан Брѓовиќ, Горан Јањушиќ и Јован Павловиќ.

Овој состав за кусо време оствари два значајни успеха; од првото место на Гитаријадата во Пожаревац до значајниот настап на Зајечарската Гитаријада минатата година, кога малку им недостасуваше за победа. Во креирањето на музиката, текстовите и аранжманите подеднакво учествуваат сите членови на составот, а преку лириката на „Регулатор“ се провлекува тема која се однесува на будењето на еколошката свест, животот и односот на човекот кон природата, како и самата природа.

Нивниот деби сингл „Долина“ можете да го преслушате во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑