Аудио Regulator3 photo by Regulator promo

13 септември, 2014

„Регулатор“ без двоумење ја претставуваат „Ива“

По првиот сингл „Долина“, групата „Регулатор“ одлучи на јавноста да ѝ претстави уште една песна од претстојниот албум првенец. Членовите на бендот без двоумење одлучија тоа да биде темата „Ива“.

„Кога дојде време да го одбереме вториот сингл, никој од нас не се двоумеше која песна ќе биде тоа. Песната на која сме многу горди, една од оние за кои веруваме дека најдобро ја претставуваат нашата работа, една од најстарите“, истакнаа од петчлениот состав, додавајќи дека „Ива е претставена како дрво кое е олицетворение на самата природа и кое се ’бори’ против секојдневието и влијанието на човекот врз него“.

 

Огњен Илиќ (вокал), Лука Петровиќ (соло гитара), Богдан Брѓовиќ (ритам гитара), Горан Јањушиќ (бас гитара) и Јован Павловиќ (тапани), по успешните настапи на Гитаријадите во Зајечар и Пожаревац, како и на БДФЛ 2013, својот прв албум го снимија во Крагујевац. Овој состав родум од Врњачка Бања вели дека албумот ќе ја здогледа светлината на денот до крајот на есента, а во план се и снимања на неколку видео записи.

 

 



Врати се горе ↑