Настани jrxz87

24 октомври, 2012

Реге-иконата ТАЊА СТИВЕНС на Таксират 14

Таксират фестивал со задоволство ви ја претставува Тања Стивенс (Tanya Stephens), третото потврдено име за своето четиринаесетто финале. Пејачката и авторка Тања Стивенс,  еден од највлијателните реге артисти кои се појавија во доцните 90ти години, доаѓа на Таксират за прва средба со своите македонски фанови и ветува незаборавна концертна вечер.  Таа е музичар кој подеднакво добро се снаоѓа во денс ритмовите како и во гитарските балади со интуитивни, значајни, комични и често саркастични стихови, која светската публика од сите генерации ја препознава пред сѐ полегендарниот мега-хит „It’s a Pity“, најголемиот од стотината хит синглови на Тања Стивенс.

Започна со модерни хитови како денсхол артист. Подоцна продолжи со моќни реге песни кои прераснаа во класици на овој жанр. Откако ја освои светската публика, прејде во пософистицирани музички води и се наметна како страствен текстописец. Стивенс е позната по многу хитови, тргнувајќи од денсхол хитот „ Yuh Nuh Ready Fi Dis Yet“ од 1996та година, преку рутс химната „ It’s a Pity“ (2003) и РнБ/Хип Хоп зачинетата реге класика „These Streets“ објавена во 2006та, кои и обезбедија на Тања интернационална слава и име препознатливо денес како уникатен артист. Дел од нејзиниот најнов музички материјал ќе имаме ексклузивна чест да го чуеме во живо и на финалната вечер на ТАКСИРАТ 14, за која Тања Стивенс ветува одлична журка!

Главната фестивалска вечер на Таксират 14 ќе се одржи на 8ми декември 2012 во „Метрополис Арена“ во Скопје. Својот настап на Таксират 14 веќе го потврдија, ворлдмјузик-панк бунтовницие ЧЕ СУДАКА и реге-метал атракцијата СКИНДРЕД кои беа прогласени за „The best live bend“ за 2011та од реномираното списание Metal Hammer. Наскоро очекувајте ги и останатите артисти кои ќе бидат задолжени за уште едно незаборавно Таксират издание. Во меѓувреме слушнете го хит синглот на Тања.

 



Врати се горе ↑