Македонија 12274677_969013609811844_5312050123189559853_n

22 ноември, 2015

Реформи на вечерашната 6. гала вечер „На иста адреса“

Старо-ново жири, исфрлање и ново влегување во вилата #НИА

Вечерва со почеток од 23.30 часот на Алфа ТВ ќе започне шестата гала вечер од шоуто „На иста адреса“, за кое се најавува дека ќе биде вистински спектакл! На веќе редовните членови на жирито, Весна Бејби Петрушевска и Боки 13, овој пат ќе им се придружат Панчо од ДНК и Тамара Тодевска, која и покрај напорните подготовки за нејзиниот голем концерт закажан за в петок (27 ноември), сепак најде време да биде дел од првото македонско реално музичко шоу.

За вечерашната гала вечер најавено е и исфрлање, но и ново влегување во вилата „На иста адреса“. Додека го очекуваме почетокот на 6. гала, погледнете како течат подготовките на преостанатите 10 натпреварувачи на #‎НИА.



Врати се горе ↑