13 декември, 2014
„Реџина“ го претстави видео записот за „Затупи, заглупи“
Босанскиот состав „Реџина“ деновиве го претстави видео записот за темата „Затупи, заглупи“, чија режија ја потпишува Борис Миљковиќ.
„Оваа песна е логично продолжение на приказната која ја започнавме со синглот ’Калимеро’. Живееме во време на перење на мозокот и секојдневно заглупување. Видео записот којшто го снимивме во режија на Борис Миљковиќ е нашиот ’Летачки циркуз на Монти Пајтон“, изјави фронтменот Александар Човиќ за „Story.rs“.
„Ова не е локален проблем. Темата се однесува на сите нас од Вардар до Триглав, а веројатно и пошироко. Песната и спотот се пародија на времето во кое живееме“, велат членовите на бендот за босански „Аваз“, а духовитата екранизација на „Затупи, заглупи“ Ве очекува горе.